Новите мерки предвидуваат затворање на пабовите, рестораните и баровите на две недели, пренесува Ројтерс.
Претходно минатата недела премиерот Борис Џонсон изјави дека нов карантин би ги загрозил работните места, секојдневниот живот на граѓаните и човечките контакти.
Тајмс наведува дека ќе бидат забранети и средби на членови на исто семејство од различни домаќинства во затворен простор.
Британија минатата недела воведе нови мерки кои бараат работа на луѓето од дома каде што е тоа можно како и рано затворање на рестораните и баровите за да се спречи ширењето на вирусот. Се предвидува мерките да останат на сила шест месеци.
Училиштата и продавниците остануваат отворени, како и фабриките и канцелариите во кои вработените не можат да работат од дома, наведува Тајмс повикувајќи се на висок владин извор.