Тачи за Гардијан: Договор е можен, но без укинување на царините

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека договор со Белград е можен оваа година, но дека нема планови за укинување на царините на стоката од Србија.

Тој за британски Гардијан кажа дека договор за нормализација на односите на Белград и Приштина сѐ уште е можен, и покрај сериозните застои во последните месеци.

„Мора да седнеме дури и со нашите најлути непријатели, но без какви било предуслови, и да се обидеме да се слушаме едни со други“, кажа Тачи за британскиот весник пред конференцијата во Берлин што ќе се одржи на 29 април.

Според него, тој го вложил целиот политички капитал што го изградил за две децении во успехот на дијалогот, како и дека неуспехот би бил штетен за целиот регион.

„Во актуелните околности, со овие тензии, не гледам зошто некој странски инвеститор би дошол и би вложил во нашиот регион. Само мировен договор би можел да донесе напредок“, кажа Тачи.

Тој додаде и дека демаркација на границата би можела да биде дел од секој „сеопфатен договор за меѓусебно признавање“, и истакна дека не може да има гранични или етнички линии и дека и Косово и Србија ќе останат мултиетнички општества.

Зборувајќи за Србите на Косово и претседателите на општини на северот кои поднесоа оставки по воведувањето на царините во ноември минатата година, тој кажа дека Србите се повлекоа од политичкиот живот на Косово.

„Никој нема одговор како да се тргне напред, а најголемите жртви се жителите на Косово, а особено косовските Срби“, кажа Тачи.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе