Доби одговор од Белград

Тачи во Вашингтон и Брисел изнесе ултиматум за Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи кажа дека во Брисел и Вашингтон побарал дијалогот меѓу Белград и Приштина да има само една точна – прашањето на заемно признавање.

EPA-EFE

Тачи, кој во моментов престојува во САД, истакна дека добил полна поддршка за евроатлантските интеграции на Косово.

„Можам да кажам дека по посетата која ја имав минатата недела во Брисел, каде со специјалниот претставник на ЕУ разговарав за прашањето на дијалогот на Косово и Србија, беше неопходно да отпатувам во САД. Во Вашингтон го имав особеното задоволство да разговарам со функционери на Стејт департментот и други функционери на американската влада за чекорите кои Косово мора да ги преземе сега, но и во иднина“, кажа Тачи.

Тој истакна дека „САД продолжуваат силно да го поддржуваат Косово во внатрешниот развој и во институционалната стабилност“ и додаде дека Приштина ќе остане најверниот американски сојузник во регионот.

„Соработката со САД е продолжение на нашите стратегиски определби, но она што морам да ги истакнам е дека и на функционерите во Брисел и во Вашингтон јасно им кажав дека прашањето на дијалогот меѓу Косово и Србија влезе во нова фаза и дека треба да има само една точка на дневниот ред, таа за заемно признавање меѓу Косово и Србија, а дури потоа останатите прашања. Мора да го продолжиме овој процес почнувајќи од главната тема, а не од опашката“, заклучи Тачи.

Белград: Тачи не е за дијалог, неговиот потпис не важи

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ изјави дека косовскиот претседател Хашим Тачи со изјавата дека „заемното признавање“ би требало да биде единствената точка на дијалогот на Белград и Приштина, уште една покажал дека е суштински против дијалогот.

Во соопштението за јавноста тој додаде дека со тоа Тачи потврдил и дека ништо не вреди „неговиот потпис пред лицето на ЕУ, со кој се обврза на формирање Зедница на српските општини“ на Косово и Метохија.

Петковиќ истакна дека дијалогот не може, наспроти тоа што си го замислува Тачи, да има однапред дефиниран резултат и дека за тоа се свесни и во Вашингтон и во Белград.

„Со своите маневри и избегнувања од себе не можат да ја тргнат седум и пол години нереализираната обврска за формирање Зедница на српски општини, и тоа е тема која нема да успеат да ја тргнат од масата со никаква политичка и допломатска гимнастика“, оцени Петковиќ.

„Заедницата на српски општини и непочитувањето на Бриселскиот договор од страна на Приштина ќе биде нашата прва тема при секое одење во Брисел, и никој нека не негува нерални очекувања за напредок на дијалогот сѐ додека таа тема не биде исполнета“, истакна директорот на Канцеларијата за КиМ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе