Осомничен за воени и злосторства против човештвото

Тачи во Хаг, сослушувањето продолжува утре (ВИДЕО)

Претседателот на Косово Хашим Тачи пристигна околу 13 часот во зградата на Обвинителството во Хаг на сослушување околу обвинението против него и Кадри Весељи за воени злосторства извршени на Косово.

EPA-EFE

Зградата ја напушти околу 19 часот, кратко обраќајќи им се на новинарите на албански и кажувајќид ека разговарал за технички прашања и дека во изминатите нешто повеќе од шест часа само слушал за што разговарале неговиот правен застапник и обвинителот.

Тачи кажа и дека разговорот ќе продолжи утре.

Репортерката на Н1 во Приштина вели дека повеќето партии се солидаризираат со Тачи и неговата улога во УЧК, а реакциите се главно во духот на поддршка, наведуваат дека Косово и во оваа битка ќе победи, а дека со кривичниот прогон на врвот на УЧК се обвинува целата таа организација, и дека обвинението против Тачи, Весељи и другите е неправедно и дека има политичка природа.

Понатамошната процедура е дека Тачи треба да заврпи со давањето исказ, а потоа би требало да дознаеме зошто бил во Хаг. Се претпоставува дека Тачи одговарал само на дополнителни прашања во рамки со барањето на судот и дека сѐ уште не е завршена приказната околу обвиненението. Таа беше поднесена на 24 април, а судијата за претходна постапка има шест месеци да ја потврди, така што нејзината судбина ќе се знае во октомври.

Тачи денес кога пристигна пред зградата на Обвинителството го пречекаа десетина негови и симпатизери на УЧК, кои дојдоа да му пружат поддршка.

Тој, пред да влезе во зградата, изјави дека дошол во Специјалниот суд во Хад поради она што го сонувал и за што се борел, а дека немало злосторства.

„Се борев за независно, слободно Косово засновано врз еднакви права, мултиетничко општество и владеење на законите. Спремен сум да се соочам со новиот предизвик и да триумфирам за својот син, семејството, народот и својата држава. Никој не може да ја прекројува историјата. Ова е цената за слободата. Верувам во мир, вистина и правда“, кажа Тачи претходно денес.

„Верувам во дијалог и добри односи со сите соседи. Косово е приказна за успехот и на тоа сум многу горд“, кажа Тачи пред Специјалниот суд.

Тој додаде дека крајното одредиште на Косово се НАТО, ЕУ и трајното пријателство со САД.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе