Тачи: Со УЧК на земја и НАТО во воздух го присиливме на капитулација режимот на Милошевиќ

Канцеларијата на Европската Унија на Косово на 20-годишнината од почетокот на воздушните напади врз цели во поранешна СР Југославија оцени дека на 24 март 1999 бил критичен датум за Косово и за Западниот Балкан кога бил отворен тежок период за целиот регион и ЕУ.

„Сега Западниот Балкан ја дели аспирацијата да се придружи на Европската Унија, со својата мисија на мир и помирување. Ја почитуваме и поддржуваме денешната желба регионот да игра конструктивна улога во стабилноста, безбедноста и просперитетот на нашиот континент“, се додава во соопштението.

Претседателот на Косово Хашим Тачи, пак, напиша дека „УЧК на земја и НАТО во воздух во заедничката борба го присилиле на капитулација режимот на Милошевиќ“.

Интервенцијата на НАТО, според него, го сопрела етничкото чистење.

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај при оддавањето почит на војниците на КФОР кои загинале на Косово кажа дека пред 20 години „завршила трагедијата на народите на Косово“ и биле „добиени слободата и мирот“.

Претседателот на косовското собрание Кадри Весељи изјави дека нападите на НАТО го сопреле геноцидниот терор на Косово.

„Горди сме што сојузот со НАТО, кој го почна УЧК, денес го продолжува косовската војска“, напиша Весељи.

Весељи истакна дека народот на Косово секогаш ќе им биде благодарен на лидерите на демократскиот свет на чело со Соединетите Американски Држави.

„Беа со нас во најлошиот момент од нашата историја. Горди сме што сојузот со НАТО, кој го почна УЧК, денес го продолжува косовската војска. Секогаш во служба на слободата и мирот“, истакна Весељи.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе