Тачи: УЧК имаше една мисија - протерување на Србите од Косово (ФОТО)

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека е горд што бил војник на Ослободителната војска на Косово (УЧК) од нејзиното формирање.

Како што соопшти, нему најголемата чест во животот му била што ја носел униформата на УЧК и бил нејзин политички директор.

Тачи на својот фејсбук профил напиша дека таа униформа и служењето во ослободителната борба не е хендикеп, туку чест, привилегија и гордост во кое било соочување со кого било.

„Не помислував, а не пак да поверувам, дека ќе дојде денот кога член на собранието на Република Косово ќе се заколне дека актуелниот премиер на Косово е појак пред Србија, бидејќи нема кривично досие на УЧК. Ја прашувам дотичната дама: кое злосторство го изврши УЧК?“

Тачи напиша дека УЧК имаала само една мисија – протерување на Србите од Косово.

„УЧК го оствари сонот на населението на Косово. Добивме слобода, независност и суверенитет. Слушнавме такви етикети за УЧК, најголемиот национален проект, само од Белград и Москва. Повторувам, горд сум што бев член на УЧК и нејзин политички директор. Имаме среќа што го убедивме најмоќниот воен сојуз во светот, НАТО, да ни помогне и заедно да ја ослободиме нашата земја. Ослободители на Косово се сите граѓани на Косово“, наведе Тачи на Фејсбук.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе