Тврди дека не постои договор за размена на територии со Србија

Тачи: Сонувам Прешево, Медвеѓа и Бујановац да се припојат кон Косово

Претседателот на Косово Хашим Тачи ги демантираше обвинувањата на косовскиот премиер во оставка Аљбин Курти, но и на меѓународните аналитичари, за тоа дека постои договор, односно нацрт договор со Белград за размена на територии. Од друга страна, уверен е дека САД ќе поттикнат постигнување „конечен договор“ со Белград, додека истовремено сонува Прешево, Бујановац и Медвеѓа „да се припојат кон Косово“.

EPA-EFE

„Сонувам за тоа Прешево, Медвеѓа и Бујановац бескомпромисно да се вклучат во територијалниот интегритет на Република Косово“, истакна Тачи во емисијата Рубикон на ТВ Кљан Косова.

Од друга страна, како што пренесува Н1, тврди дека не постојат ни разговори, ни договор за размена на територии.

„Кој и да зборува за размена, тоа е за внатрешна употреба, бидејќи за тоа никогаш никаде не се разговарало, а не пак во Вашингтон“, тврди Тачи.

Тој додаде дека ни под кои околности не е разгледувана содржина, односно можноста за каков било договор.

Кажа и дека таму каде што ќе седи на маса нема да има разговори за размена на територии.

За обвинувањата на Курти дека постигнал таен договор со Белград, Тачи кажа дека тоа се „чаршиски муабети“ и истакна дека сѐ што се случило во Вашингтон било „покажување волја да се продолжи дијалогот“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе