Вечерње новости

Тачи со нов „прст во окото“ на Белград

Најавувајќи го концептот за средбата со српската делегација во Париз на 1 јули, косовскиот претседател Хашим Тачи уште една му бутна прст во око на Белград, пишува Вечерње новости.

Како што најави, тој на разговорите чиј домаќин ќе биде претседателот на Франција Емануел Макрон ќе изнесе поддршка на идејата Прешево, Бујановац и Медвеѓа да се придружат на „територијата на Република Косово“. Тоа, според него, би било „исправање на историска неправда“.

„Гледам дека е неопходно да се коригира границата без влијание на ниеден сантиметар на територијата на Република Косово. Јас сум за корекција, а не за размена и ќе ја претставам таа идеја во Париз“, кажа Тачи.

Ваквиот пристап на косовската страна тешко дека ќе придонесе на извлекувањето на дијалогот од ќор-сокак, што е основната цел на најавената средба во француската престолнина, договорена на собирот во Берлин на 29 април, кој заврши без конкретни резултати, оценува Новости. Реагирајќи на планот на Тачи српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави дека Србија од Косово и Метохија во 1999 ја истерале со стратегиски бомбардери и „томахавк“ ракети, а не со силата на разбиените терористи.

За подготовките на Приштина за самитот во Париз, Тачи вчера разговарал со премиерот на Албанија Еди Рама, додека ден пред тоа албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот премиер Рамуш Харадинај се сретнале во Драч каде, како што соопштија, разговарале за односите на Приштина и Белград и за „граничното прашање на Србија и Косово“.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе