Косовскиот претседател

Тачи поднесе предлог резолуција за припојување на Прешевската долина кон Косово

Косовоскиот претседател Хашим Тачи поднесе во приштинскиот парламент предлог резолуција за барањето на Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓа за припојување кон Косово и Метохија.

Во три точки Тачи предлага да се усвои резолуцијата со коај се предвидува, како што се наведува, легитимните барања на Албанците од овие три српски општини да бидат дел од дијалогот на Белград и Приштина, а претставниците на нивните политички партии дел од тимот за дијалогот.

Тачи смета дека нивното прашање треба да се постави на секој меѓународен форум на кој учествуваат претставници на Косово, и дека приштинските институции во соработка и координација со институциите на Албанија треба заедно да усвојат платформа за Албанците во Прешевската долина.

Приштинска Коха пишува дека со предлогот Тачи од пратениците побарал да ја почитуваат политичката волја на Албанците изразена на референдумот во 1992 за припојување кон Косово, потврдена со борбата на таканаречената ослободетлна војска за Прешево, Медвеѓа и Бујановац.

Тачи смета дека барањето помага на долгорочната стабилност на регионот и придонесува на воспоставување на долгорочен мир во регионот и отворање ново поглавје во односите меѓу Белград и Приштина.

Косовскиот парламент ја заврши вонредната седница за правата на Албанците кои живеат во трите општини на југот на Србија, Прешево, Бујановац и Медвеѓа, а за резолуцијата во 13 точки не се гласаше поради недостиг од кворум.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе