Политичка криза на Косово

„Тачи нема уставно право да го смени Харадинај“

Ардијан Џини, од Алијансата за иднина на Косово, партијата на Рамуш Харадинај, изјави дека претседателот Хашим Тачи нема уставно право да го смени премиерот.

Тачи во понеделникот на конференција за новинарите му се закани на Харадинај со смена, доколку продолжи да се спротивставува на секоја иницијатива за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и да се заканува со војна.

Џини во интервју за телевизијата Клан Косова кажа дека идејата на Тачи за корекција на границите е опасна.

„Ако политичар има идеја или визија, најдобриот начин да ја оствари е да го убеди народот во неа. Ова прашање, според мене, е проблематично кога некој има идеја и сака секој да се согласи со неа иако сите се противат на идејата на претседателот Тачи“, кажа тој и додаде дека Харадинај „го знае својот начин, а неговиот став е јасен“.

Тој истакна и дека смета дека мнозинството граѓани на Косово сакаат границите да останат непроменети. „Повеќе од половината од Демократската партија на Косово (чиј основач е Хашим Тачи) го поддржува нашиот став“, кажа Џини.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе