Тачи најави избори, косовските Срби одат кај Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и директорот на Канцеларијата за КиМ на српската влада Марко Ѓуриќ ќе се сретнат денес во Белград со политичките претставници на Србите од Косово.

Српскиот претседател најави дека денес ќе има разговори со претставниците на Србите од Косово, по што се чека одлука околу изборите кои косовскиот претседател Хашим Тачи ги распиша за градоначалничките места во четирите општини на северот на Косово.

Вучиќ на новинарското прашање за коментар на одлуката на Приштина за распишување избори, кажа дека најпрвин за тоа сака да разговара со претставниците на Србите на Косово.

„Ќе имаме долги разговори со вистинските претставници на Србите, оние кои го претставуваат народот, а не само себе. Очекувам со нив да донесеме одлуки. Имам одредени идеи“, кажа српскиот претседател.

Тој наведе дека никој од вистинските претставници на Србите не бил консултиран за тоа кога и како да бидат распишани изборите.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе