Тачи на средбата со Макрон: Косово е спремно за мировен договор со Србија

Претседателот на Косово Хашим Тачи за време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „Косово е спремно за мировен договор со Србија“.

Кабинетот на Тачи во Приштина соопшти дека тој и Макрон разговарале за дијалогот на Косово и Србија, и за евроатлантската перспектива на Косово и западниот Балкан.

„Спремни сме да го продолжиме дијалогот со Србија и да постигнеме конечен мировен договор кој ќе донесе обострано признавање и членство во Обединетите нации“, зијави косовскиот претседател.

Според Тачи, тоа значи и „комплетирање на меѓународната консолидација на Косово“ и ќе го отвори патот за странски инвестиции.

„Тоа значи развој за Косово. Тоа значи повеќе можности за просперитет, за подобар живот на сите граѓани на Косово“, кажа Тачи.

Тој повтори дека Косово има само една цел: членство во НАТО и ЕУ.

Претседателот Макрон, како што е соопштено, „изрази поддршка на одржливиот мир и развојот на Косово и на целиот регион“.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе