Тачи: Курти го прекрши уставот со воведувањето полициски час

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека премиерот во оставка Аљбин Курти сериозно го прекршил косовскиот устав, и истакна дека тоа било потврдено со одлука на уставниот суд.

Тачи во интервју за Топ ченел потсети дека барал да се прогласи вонредна состојба на Косово поради ситуацијата со коронавирусот.

„На состанокот на однорот за национална безбедност сите беа за, но Курти кажа дека ситуацијата е нормална и дека нема потреба да се прогласува вонредна состојба“, истакна Тачи.

Курти истакна дека целосно работел во рамки на уставот и законите на Косово,

„Полицискиот час кој владата го донесе како одлука требаше да ја донесе собранието, а не само косовската влада. Курти е разрешен премиер. Курти сериозно го прекрши уставот, што го потврди и уставниот суд“, порача Тачи.

Тој истакна дека Курти бил неподготвен и тврдоглав кога тој побарал да се воведе вонредна состојба.

„Лидерите на политичките партии на Косово ми препорачаа мене како претседател да се обратам во собранието да се прогласи вонредна состојба“, укажа Тачи.

Како што наведе, тој побарал консултација со премиерот и по тоа советување побарал да се одржи средба на советот за безбедност.

„На таа средба ги видов стравот, паранојата и заговорот на Курти. Ги видов неговата тврдоглавост, неподготвеноста за новата ситуација, премиерот тргна во антиуставна насока објавувајќи полициски час“, кажа Тачи.

Тој, меѓу другото, во интервјуто ја критикуваше косовската влада, нарекувајќи ја неодговорна по хаосот со пандемијата на Косово.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе