Тачи: Курти е страшливец, лажго и антиамериканец

Претседателот на Ксоово Хашим Тачи со навреди го нападна премиерот Аљбин Курти преку пост на Фејсбук нарекувајќи го „лажго“, „страшливец“, „антиамериканец“ и „незнајко“.

Според неговото мислење Курти е „посветен на уништување на историските сојузи“ и додаде дека неговите изјави за „тајни договори меѓу Косово и Србија се навредливи и опасни за односот на Косово со САД“.

Косовскиот претседател заклучи дека Курти се поставил против Соединетите Американски Држави „во времето на конференцијата во Рамбуе“.

Курти, според него, бил „против администрацијата на Клинтон“, „дури и во Виена, против администрацијата на Буш“, додека во процесот на разграничување со Црна Гора бил против „администрацијата Обама-Бајден“.

„Дури и кога Трамповата администрација нуди меѓусебно признавање, Курти повторно се противи. Единствената константа на Курти е на спротивната страна на Америка. На спротивната страна на историјата“, напиша Тачи. „Народот на Косово има доверба во Соединетите Држави. Сојузот со САД е свет. Сите сме должни да го штитиме“, напиша Тачи.

Косовскиот премиер Курти му одговори на Тачи кажувајќи дека тој е антиевропски расположен, а дека неправедно него го обвинува дека е антиамериканец.

„Тој (Тачи) самиот покажа дека е антиевропски, а јас сум проевропски и проамерикански. Јас верувам во трансатлантските врски. Тој себе се прогласи за антиевропски и почнаа обвинувањата и клеветите против мене дека сум антиамерикански. Значи, јас ги сакам и САД и ЕУ, нам ни се потребни заедно“, кажа Курти.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе