Тачи: Косово му е вечно благодарно на НАТО за бомбардирањето на Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи го искоментира НАТО-бомбардирањето на Србија, по повод 21-годишнината од воздушните напади.

Тој кажа дека граѓаните на Косово засекогаш ќе бидат благодарни за таа интервенција, која резултираше со заминување на српската полиција, војска и управа од косовската територија.

Тачи на Фејсбук напиша дека тоа било најголемата помош на Северноатлантската алијанса во заштитата на косовскиот народ, кога била искажана, како што кажа, решителноста да се „борат против власта на (Слободан) Милошевиќ, која две години вршела насилства, етничко чистење и геноцид на Косово“.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе