Косовскиот претседател

Тачи: Ќе го исполниме барањето на САД за царините, но потребно е време

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Приштина никако нема да дозволи односите со САД да бидат нарушени, додавајќи дека косовската влада ќе постапи по барањето на Вашингтон за суспензија на царините на стоката од Србија, но за тоа, како што кажа, ќе биде потребно малку повеќе време.

„Колку побрзо го затвориме тоа прашање, толку подобро“, кажа Тачи.

Косовскиот претседател за Топ ченел изјави дека нема да му дозволи на Белград да го условува продолжувањето на дијалогот.

„Косово имаше право да ја донесе одлуката за зголемените царини, но истовремено мора да водиме сметка за нашите односи со Соединетите Американски Држави“, кажа Тачи.

Тој за сѐ позачестените барања на САД и под закана со санкции Приштина да ги суспендира царините за да се отвори патот за дијалогот, кажа дека тие односи никако не можат да бидат компромитирани и дека ја нема таа цена по која Косово би дозволило нешто да го наруши тоа партнерство.

„САД му помогнаа на Косово да биде слободно и независно, секој нивен совет го испочитувавме, што и на нас и на нив ни донесе само добро. И овој совет, нормално, ќе биде испочитуван“, кажа Тачи.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе