Тачи: Како што кажаа САД, ЕУ и НАТО – да се суспендираат царините

Косовскиот претседател Хашим Тачи зборувајќи за конечниот договор со Белград кажа дека е потребно „креативно решение“. Според него, таквото решение би гарантирало дека ќе бидат исполнети интересите на двете страни, како и на САД, ЕУ и НАТО.

Тачи смета дека би било логично Прешево, Медвеѓа и Бујановац да се приклучат на „територијата на Република Косово“, но, како што истакна, да не се загрозат „косовските државни ресурси како езерото Газиводе, Северна Мировица, рудникот Трепча или друг имот“.

„И нормално, на крајот не може да има признавање меѓу двете држави без јасно дефинирање на меѓудржавната граница меѓу Косово и Србија“, кажа Тачи за Војс оф Америка.

Тој додаде дека приштинските власти целосно ќе го почитуваат секој совет од САД.

„Меѓутоа, треба да се сфати дека Косово се соочи со агресивни акции на Србија, акции кои му штетат на Косово, функционирањето на државата и интерно и екстерно“, кажа Тачи.

Тој оцени дека од таа причина мерките на Приштина биле „вистински чекор во вистинско време“, но кажа дека треба да се размислува за иднината „а иднината е почитување на преовладувачкото мислење да не се повлечат царините, но да се суспендираат, како пто советуваа САД, ЕУ, НАТО, косовскиот политички спектар, граѓанското општество“.

„Јас сум оптимист дека Косово нема да го преземе товарот на одговорноста за блокирање на преговарачкиот процес“, кажа Тачи.

На прашањето кои се црвените линии за Косово, тој кажа дека не може да има дијалог „во кој нема уверување од Србија за признавање и отворање на патот за членство на Косово во ОН“.

„Без овие две нешта, дијалогот нема смисла“, кажа косовскиот претседател.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе