Тачи како ехо на Рама: Ако ЕУ ја затвори вратата за Косово, Албанците од регионот ќе живеат во една држава

Доколку Европската Унија ја затвори вратата за Косово, сите Албанци од регионот ќе живеат во една единствена држава за да се продолжи понатаму со интеграцијата во европското семејство, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи.

Оваа изјава доаѓа еден ден откако премиерот на Албанија Еди Рама кажа дека, доколку избледи европската перспектива за Западниот Балкан, можно е да дојде до обединување на Косово и Албанија.

Хашим Тачи, не сакајќи да коментира туѓи мислења, во изјава за Радио слободна Европа укажа дека Европската Унија во моментов во однос на Косово и Западниот Балкан нема никаква визија ниту управува со интеграцијата или проширувањето кон земјите од Западниот Балкан.

„Ова задоцнување, овој застој и непостоењето визија за Западниот Балкан, за жал, ги користат идеологии и неевропски земји и земји кои не се во евроатлантскиот дух“, кажа Тачи.

„Блокадата на Европската Унија кон Косово и кон останатите земји на Западнито балкан поттикнува на идеи кои се спротивни на нашата актуелна посветеност на евроинтеграциите. Ако Еу продолжи со овој застој и нејасниот пристап тогаш, нормално, секоја земја ќе донесе одлука за својата иднина, за својата посигурна иднина која води кон националната перспектива, но ние сакаме да градиме мултиетнички држави“, истакна косовскиот претседател.

Тој додаде дека „граѓаните на Косово се фрустрирани од Европската Униај поради блокадата, казната и неправдата кои се вршат над нив во процесот на визната либерализација“.

„Иако Косово ги исполни сите потребни критериуми, неправедно е поставен условот за ратификација на демаркацијата со Црна Гора“, истакна Тачи.

Премиерот на Албанија Еди Рама вчера, во интревју за Политико, кажа дека ако перспективата за членство на Западниот Балкан во ЕУ продолжи да бледнее, не може да се исклучи обединување на Албанија и Косово.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе