Прогноза на косовскиот претседател

Тачи: Историски договор со Белград следната година

Косовскиот претседател Хашим Тачи верува дека следната година Приштина и Белград ќе потпишат „историски договор за нормализација и помирување“.

Следната година, според Тачи, може да биде одлучувачка за евроатлантската перспектива на Западниот Балкан, и тоа зависи од спремноста на регионот да се надминат отворените проблеми.

„Целосно работам на тој аспект, бидејќи не мислам дека има нешто поважно од мирот, помирувањето и добрите соседски односи“, кажа Тачи на конференцијата „НАТО и Западниот Балкан“.

Според него, Косово е најдобриот пример за реакцијата на НАТО на најголемиот безбедносен предизвик во Европа.

„КФОР, кој е гарант на стабилноста на Косово, е најуспешната мисија на мирот во светот со децении по ред. Косово денес е стабилна држава со јасни аспирации“, истакна Тачи.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе