„Замрзнати“ односи

Тачи и Харадинај не се сретнале пет месеци

Веќе пет месеци нема средба „очи во очи“ меѓу двајцата највисоки државни функционери на Косово, претседателот Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај, изјави за Коха диторе извор од владата на Косово.

Таква средба според истиот извор нема да се случи ни пред Берлинскиот самит кој за 29 април го свикаа германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон и на кој ќе учествуваат двајцата косовски државници.

„Досега нема координација и не ни очекувам дека ќе ја има пред патувањето за Берлин“, вели изворот на косовскиот весник и додава дека дури не верува дека тие двајца ќе патуваат заедно.

Дијалогот меѓу Србија и Косово е централната тема на самитот.

Србија реши да не учествува во преговорите додека Косово не ги укине санкциите кои беа наметнати за стоката која се увезува од Србија и БиХ, додека косовскиот премиер Рамуш Харадинај бара прво да се постигне договор за меѓусебно признавање на двете земји за царините да бидат укинати.

До „замрзнувањето“ на односите меѓу Тачи и Харадинај дошло поради спротивставените ставови околу разграничувањето, односно корекцијата на границите на што Тачи инсистира, додека Харадинај остро се спротивставува.

Весникот ги прашал кабинетите на претседателот и премиер дали имало средби на кои биле координирани ставовите на двајцата институционални лидери на Косово но не добил одговор.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе