За визната либерализација

Тачи: Граѓаните на Косово го губат трпението

Претседателот на Косово Хашим Тачи оцени дека граѓаните на Косово почнале да го губат трпението чекајќи либерализација на визите.

Тачи кажа и дека недостигот на јасна перспектива во интеграцијата на западниот Балкан создава простор за опасни антиевропски идеологии.

Како што соопшти неговиот кабинет, Тачи со еврокомесарот за проширување и добрососедски односи Јоханес Хан разговарал за либерализација на визите, дијалогот за нормализација на односите на Косово и Србија, како и за перспективата за зачленување на Косово и државите од западниот Балкан во Европската Унија.

„Граѓаните на Косово, како проверопски народ, почнаа да го губат трпението. Одлука за визите оваа година и посветеност на новата динамика на европските интеграции, ќе ја вратат загубената доверба во ЕУ“, кажа косовскиот претседател.

На средбата се разговарало и за неопходноста од надминувањето на несогласувањата меѓу државите од Западниот Балкан и за потребата од постигнување на сеопфатен, правно обврзувачки договор меѓу Косово и Србија, се вели во соопштението на кабинетот на Тачи.

Претходно Тачи се сретна и со претседателот на Европската комисија Доналд Туск.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе