Тачи: Годинава историски договор со Србија, но не и признавање

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека очекува Косово годинава да постигне „историски“ договор со Србија.

Како што кажа, договорот не мора да значи признавање на независноста, но на Приштина би можел да ѝ овозможи место во Обединетите нации.

„Договорот на Косово и Србија за кој верувам дека ќе се случи во 2018, ќе биде историски сеопфатен договор кој ќе резултира со членство на Косово во ОН“, кажа Тачи во интервју за Ројтерс.

Тачи кажа дека договорот со Србија ќе донесе целосна нормализација на односот меѓу Белград и Приштина, иако нема да бара меѓусебно да се признаат како независни држави.

Претседателот на Косово кажа дека формирањето на Специјалниот суд за злосторства на УЧК е „историска неправда“, но дека Косово го формирало тој суд за да го задржи стратегиското партнерство со САД, Европската Унија и НАТО.

„Никогаш не сме го прекршиле косовскиот закон или меѓународните закони. Се боревме против диктатор, против човек кој изврши геноцид“, кажа Тачи, мислејќи на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе