Тачи го промени ставот, сега Приштина има услов за Белград

Косовскиот претседател Хашим Тачи отстапи од својот претходен став дека за наоѓање решение во дијалогот со Белград не би требало да има „црвени линии“.

Тој истакна дека Приштина, сепак, има свои услови, а тоа е дека завршната фаза од разговорот во Брисел треба да „резултира со историски обврзувачки договор за признавање на косовската независност“.

„За косовската страна постои јасна црвена линија, овој процес би требало да се заврши со конечен, историски договор, со кој Србија ќе ја признае државата Косово. Секој друг договот е безвреден. Значи, договорот ќе биде конечен и ќе имаме заемно признавање“, изјави Тачи во Качаник, пренесуваат косовските медиуми.

Тачи потврди дека следната рунда разговори во Брисел, кога ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ, ќе биде одржана на 18 јули.

Претседателот на Косово ова го изјави откако беше жестоко критикуван од страна на опозицијата, по последната рунда на дијалогот во Брисел, дека „треба да се укинат црвените линии во разговорот со Србија“.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе