Косовскиот претседател

Тачи ги намали очекувањата пред самитот во Берлин – од признавање на визна либерализација

Еден ден пред почетокот на мини-самитот во Берлин косовскиот претседател Хашим Тачи ги спушти очекувањата.

Иако вчера изјави дека изјави дека очекува германската канцеларка Ангела Меркел да го убеди претседателот на Србија Александар Вучиќ да ја признае независноста на Косово, денес кажа дека очекува – визна либерализација.

РТК2 на српски јазик пренесе дека Тачи навел дека деновиве ги продолжил консултациите со меѓународните партнери за конференцијата во Берлин, чии организатори се Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон.

Според Тачи, на состанокот „особено ќе се истакне можноста за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија, за постигнување сеопфатен и конечен договор кој би донел уште поголема стабилност на западниот Балкан“.

„Го поздравувам засилениот ангажман на Германија и Франција за западниот Балкан во целина, а особено за Косово. На овој состанок ќе се оцени значителниот напредок кој е направен досега. Берлинскиот состанок нема да донесе нов процес, но ќе се бараат можности за решавање на проблемот, земјаќи го како пример успешниот договор меѓу Македонија и Грција“, порача Тачи.

Тој изнесе и очекување дека „канцеларката Меркел и претседателот Макрон ќе дадат поддршка за либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово, во знак на почитување на договорот меѓу ЕУ и Косово“.

„Косово ги исполни сите критериуми и заслужува слободно движење како и сите други граѓани на регионот и континентот. Ако тоа не се случи, средбата во Берлин ќе биде разочарувачка за граѓаните на Косово“, наведе Тачи.

Тој ги повтори тврдењата за „геноцид на Србија на Косово од 1998 до 1999 година“, најавувајќи дека на самитот ќе бара и казнување на Белград.

Тој вчера изјави дека очекува дека Меркел ќе го убеди претседателот на Србија да ја признае самопрогласената независност на Косово на претстојната средба во Берлин. Тачи изнесе и очекување дека германската канцеларка ќе побара од петте членки на ЕУ и Босна и Херцеговина да ја признаат косовската независност.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе