Бурно по оставката на Харадинај

Тачи бара нов мандатар, партиите бараат распуштање на косовското собрание

Претседателот на Косово Хашим Тачи официјално од претседателот на владејачката коалиција и лидер на Демократската партија на Косово Кадри Весељи побара „да предложи нов мандатар за состав на косовската влада по оставката на премиерот Рамуш Харадинај“, додека партиите бараат распуштање на косовскиот парламент.

Во писмото се наведува дека владејачката коалиција „има право да предложи нов мандатар по оставката на Харадинај“.

Истовремено на тоа се спротивстави премиерот во оставка и лидер на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај кој изјави дека ќе се придружи на барањето на Демократскиот сојуз на Косово и Самооопределување за распуштање на косовското собрание.

Истовремено претседателот на косовскиот парламент Кадри Весељи свика за понеделник седница на претседателството на собранието на која на дневниот ред ќе се најде свикување на седница на која се очекува одлука за распуштање на собранието.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе