Во писмото се наведува дека владејачката коалиција „има право да предложи нов мандатар по оставката на Харадинај“.
Истовремено на тоа се спротивстави премиерот во оставка и лидер на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај кој изјави дека ќе се придружи на барањето на Демократскиот сојуз на Косово и Самооопределување за распуштање на косовското собрание.
Истовремено претседателот на косовскиот парламент Кадри Весељи свика за понеделник седница на претседателството на собранието на која на дневниот ред ќе се најде свикување на седница на која се очекува одлука за распуштање на собранието.