Не се изненадени од зголемувањето на бројот на заболени

СЗО: Жално е што во богатите земји се вакцинираат помладите и поздравите пред загрозените во посиромашните земји

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денес изјави дека е за жалење тоа што помлади и поздрави лица во некои побогати земји се вакцинираат пред загрозените здравствени работници во земјите во развој.

EPA-EFE

Тој на конференција за новинарите кажа дека, благодарение на напорите на програмата на ОН Ковакс, вакцинацијата почна во Гана и во Брегот на Слоновата Коска, но дека жали што тоа се случува по три месеци од почетокот на вакцинацијата во држави како САД, Канада и Британија.

Гебрејесус кажа дека за првпат по седум недели бројот на случаи на ковид-19 низ светот се зголемил минатата недела, што е разочарувачко но не и изненадувачко.

СЗО работи на подобро сфаќање на причината зошто бројот на заболените се зголемил и сè укажува дека главната причина е попуштањето на мерките, кажа тој.

Високиот претставник на СЗО за итни случаи Мајкл Рајан кажа дека е прерано и нереално да се очекува дека пандемијата ќе биде сопрена до крајот на годината, но дека ефикасните вакцини секако ќе придонесат да се намали бројот на хоспитализирани и умрени.

Тој кажа дека фокусот треба да се насочи на намалување на заразата со ковид-19.

„Ако бидеме паметни, можеме да завршиме со хоспитализациите и смртните случаи до крајот на годината“, кажа Рајан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе