Поради пандемијата

СЗО: Затворањето на училиштата треба да биде последната опција

Шефот на Светската здравствена организација рече дека затворањето на училиштата како резултат на пандемијата на коронавирусот треба да биде „последното средство“, да биде привремено и да се применува само на места со висока стапка на пренос.

Фото: ЕПА

Тедрос Аданом Гебрејесус зборуваше од Женева, каде што му се придружија раководителите на УНИЦЕФ и на агенцијата за култура и образование на ООН УНЕСКО, за да ја истакнат важноста на отворањето на училиштата, таму каде што е можно, и да предупредат дека колку повеќе децата не одат во училиште, толку е помала веројатноста дека ќе се вратат.

Тој рече дека мора да биде овозможено „дистанцираното учење“.

„Знаеме дека децата и адолесцентите можат да се заразат и можат да заразат други. Знаеме и дека овој вирус може да биде смртоносен за децата, но и дека тие обично заболуваат од поблага форма на болеста. Би сакал да истакнам дека има многу малку тешки и фатални случаи од последици на ковид-19 кај деца и адолесценти“, рече директорот на СЗО.

„Податоците што ги имаме укажуваат дека помалку од десет проценти од регистрираните случаи и помалку од 0,2 проценти од смртните случаи се забележани кај лица на возраст под 20 години.“

Тој додаде дека во секој случај, потребно е да се спроведат дополнителни истражувања за факторите што го зголемуваат ризикот од добивање потешки форми на ковид-19 и смрт од последиците на болеста кај децата и адолесцентите.

Тој посочи дека потенцијалните долгорочни последици врз здравјето на оние што биле заразени со коронавирусот сè уште не се познати.

И иако децата генерално не страдаат од потешки форми на ковид-19, тие страдаат на други начини, рече Гебрејесус.

Во многу земји, работата на некои основни служби, како установите во кои се изведува вакцинирањето, беше нарушена за време на пандемијата на коронавирусот, потоа училиштата не работеа и фактот што милиони деца низ целиот свет не посетуваа училиште со месеци, сето тоа влијае на нив, објасни директорот на СЗО.

Тој смета дека, покрај ретко тешките последици врз децата, младите и врз општеството како целина, одлуката за затворање на училиштата треба да биде последната опција.

Доколку властите на некоја држава и донесат таква одлука, таа треба да биде привремена и треба да се воведе на локално ниво во оние области каде што има голем број заразени.

Безбедноста на децата во училишните институции не е само задача на училиштата, владите или семејствата, туку е задача и на сите нас, посочи Гебрејесус.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе