СЗО засега не препорачува воведување ковид-пасоши

Светската здравствена организација (СЗО) во овој момент не им препорачува на земјите да воведуваат специјални сертификати за луѓето кои се вакцинирале од коронавирусот, изјави претставничката на таа организација Мелита Вујновиќ.

EPA-EFE

„СЗО се изјасни дека во овој момент не препорачува такви пасоши, но нормално, земји одат по свој пат, сите се обидуваат да овозможат поголема мобилност на населението, и СЗО ќе соработува со сите земји кои се заинтересирани за тоа. Во одреден момент Организацијата ќе ги даде своите препораки во врска со тоа што таквиот (ковид) пасош би требало да содржи“, кажа Вујновиќ.

Германската канцеларка Ангела Меркел минатата недела изјави дека лидерите на Европската Унија се согласиле за неопходноста за воведување на сертификат за вакцинација.

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен соопшти дека ЕК планира во март да претстави нацрт-закон за електронски пасош за вакцинација, кој ќе овозможи да се евидентираат вакцините, резултатите од тестовите за ковид-19 или тоа дали лицето ја прележало болеста.

Официјална Москва соопшти дека воведувањето ковид-пасоши на територијата на Европската Унија би било спротивно на принципот на доброволна вакцинација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе