По состанокот на членовите на стручното тело на СЗО за вакцинација, агенцијата на ОН повторно ги советуваше владите да не даваат масовно „бустер“ дози од вакцините, туку да ги испратат во сиромашните земји на кои главно им недостигаат.
Шефицата на одделот на СЗО за имунизација, вакцини и биолошки препарати Кејт О”Браен кажа дека ковид-19 ќе го сопре вакцинацијата, пред сè на оние кои спаѓаат во ризичните групи.
Таа кажа дека во времето на појавата на новиот омикрон сој постои ризик повеќето вакцини повторно да завршат во богатите земји.
„Тоа нема да даде резултати. Тоа нема да даде резултати ни од епидемиолошка перспектива ни од перспектива на пренесување на вирусот, ако вакцините на стигнуваат во сите земји“, наведе О’Браен.
Повеќемесечниот недостиг од резерви на вакцини против коронавирусот почна да се намалува во последните два месеци, а дозите конечно стигнуваат во земјите на кои им се најмногу потребни, преку донации и програмата Ковакс, поддржана од ОН.
СЗО, која сака трендот да се одржи, подолго време ја осудува нееднаквата распределба на вакцините, во која повеќето дози им се дадени на луѓе во богатите држави, чии лидери направија залихи од претпазливост.