Најмногу од почетокот на пандемијата

СЗО: Во претходната недела, повеќе од четири милиони лица се заразиле со коронавирус

Повеќе од четири милиони лица се заразиле со коронавирус во светот во изминатите седум дена, што е најмногу за една недела од почетокот на пандемијата, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Фото: ЕПА

СЗО прецизираше дека 4.060.891 лице биле заразени со коронавирус минатата недела, и дека во истиот период починале 67.221 пациент.

Седум дена претходно, потврдени се 3.977.223 нови случаи на зараза и 59.699 смртни случаи.

Сепак, СЗО верува дека податоците за претходната недела укажуваат на забавување на ширењето на пандемијата, пренесуваат агенциите.

Тренд на опаѓање на бројот на новозаразени е забележан во Европа и Југоисточна Азија, додека ширењето на вирусот се зголемило во Северна и Јужна Америка, со зголемување на бројот на смртни случаи од ковид-19.

Во периодот од 16 до 22 ноември потврдено e најголемото зголемување на бројот на нови случаи во Европа - околу 1,7 милиони, кога починале повеќе од 32,6 илјади луѓе.

Северна и Јужна Америка во тој период забележале над 1,6 милиони нови случаи на ковид-19 и скоро 22.000 смртни случаи.

Во Југоисточна Азија, во изминатите седум дена се заразени 351.000 луѓе, а бројот на смртни случаи е зголемен за 4,7 илјади.

Во претходната недела, бројот на потврдени случаи на болеста во САД се зголеми за над 1,1 милиони, во Индија за 281 илјада, во Италија за околу 236 илјади.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе