СЗО во контакт со Британците поради новиот сој корона: „Брзо се шири“

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека е во близок контакт со британски официјални лица поради новиот сој на коронавирус, за која Велика Британија го извести СЗО, како и за брзото ширење на овој сој на вирус.

„Официјалните лица во Велика Британија ќе продолжат да споделуваат информации и резултати од своите анализи и студии и кога ќе дознаеме повеќе за карактеристиките на оваа варијанта на вирусот и сите негови импликации, ќе ги ажурираме податоците и ќе ги информираме земјите-членки и јавноста“, соопшти Светската здравствена организација во саботата преку Твитер.

Новиот сој на коронавирус идентификуван во Велика Британија е заразен и до 70%, но не се смета за посмртоносен и вакцината треба и понатаму да биде ефикасна, рекоа британскиот премиер Борис Џонсон и научниците во саботата.

Велика Британија го извести СЗО за побрзо ширење на овој вид на вирус, а главниот британски епидемиолог Крис Вити во саботата изјави дека нивната Советодавна група за итни и нови опасности од респираторни вируси (НЕРВТАГ) верува дека тој нов вид може побрзо да се шири меѓу населението.

„Во моментов, нема индикации дека новиот вид на коронавирус предизвикува поголема смртност или дека влијае на вакцините и начините на лекување. Во тек се итни истражувања што треба тоа да го потврдат“, додаде Вити.

Претходни мутации на вирусот САРС-КоВ-2 веќе се забележани и пријавени ширум светот.

Велика Британија, најпогодена европска земја по Италија од епидемијата на коронавирус, со над 66.500 мртви, започна масовна кампања за вакцинација на 8 декември, давајќи им приоритет на старите лица и негувателите.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе