СЗО: Вакцинирајте се, предностите на Астра Зенека го надминуваат ризикот

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денес дека верува дека предностите на вакцината на Астра Зенека против коронавирусот го надминуваат ризикот од потенцијално згрутчување на крвта.

EPA-EFE

СЗО денес објави дека сè уште ја истражуваат безбедноста на вакцината откако дваесеттина земји од ЕУ ја суспендираа нејзината употреба по извештајот дека некои пациенти по вакцинацијата развиле тромб. Од Светската здравствена организација наведуваат дека и покрај тоа веруваат дека предностите на вакцината против болеста која уби над 2,6 милиони луѓе ги надминува ризиците.

На 17 милиони вакцинирани со оваа вакцина во светот, пријавени се 40 случаи на згрутчување на крвта и белодробна емболија и неколку смртни исходи што доведе до сомнеж во безбедноста на вакцината.

„Во моментов, СЗО смета дека предностите на вакцината на Астра Зенека ги надминуваат ризиците и препорачува да се продолжи со употребата на вакцината“, се наведува во соопштението.

Кеј О’Брајан, директорката на одделот за имунизација и вакцини на СЗО кажа денес дека панел експерти сè уште разгледува дали постои врска меѓу згрутчувањето на крвта кое се појавило кај некои вакцинирани и вакцината.

И Европската агенција за лекови и СЗО и Астра Зенека инсистираат дека вакцината, развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд, е безбедна и дека нема врска меѓу вакцината и пријавените тромбови. Со нив се согласуваат и функционери на ЕУ кои сметаат дека предноста на вакцината ги надминува сите евентуални ризици.

Суспензијата на вакцината на Астра Зенека и бавната имунизација претставуваат закана за денешната одлука на Европската комисија до летото да се воведат ковид-пасоши, односно „дигитални зелени сертификати кои треба да го олеснат патувањето во Унијата.

До сега со вакцината на шведската компанија се имунизирани над 11 милиони Британци и не е пријавен ниту еден посериозен проблем или нуспојава.

Потпретседателката на Европскиот парламент Катарина Барли кажа дека ни ЕУ ни ЕМА не можат многу да направат за да го протуркаат планот за вакцинација во блокот.

„ЕУ нема толкав авторитет врз државите членки. Поради тоа, ако една земја процени дека вакцината е премногу ризична и не сака да ја применува, расте притисокот и на другите да го направат тоа бидејќи јавноста сега мисли дека вакцината е опасна“, кажа таа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе