СЗО: Укинувањето на ограничувањата не значи крај на епидемијата

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека земјите што планираат да ги ублажат мерките за ограничување поради пандемијата на коронавирус, треба да бидат подготвени да реагираат брзо во случај на нов пораст на бројот на заболените.

Тој на виртуелниот состанок на министрите за здравство на Г20 рече дека е „охрабрен“ од фактот дека некои земји почнуваат да планираат како да ги олеснат ограничувањата.

Сепак, како што рече, „укинувањето на ограничувањата не значи крај на епидемијата во ниедна земја - тоа е само почеток на следната фаза“.

Во таа следна фаза од витално значење е сите држави да обезбедат можност да детектираат, тестираат, изолираат и да го згрижат секој случај на ковид-19 и да го следат секој контакт, како и да осигурат дека нивните здравствени системи можат да одговорат на секое зголемување на случаите, рече шефот на СЗО.

Тој исто така изрази загриженост за растечкото темпо на пандемијата во сиромашните земји, на кои им недостигаат ресурси да се справат со поголеми епидемии.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе