СЗО: Трета доза не треба да се дава сè до крајот на септември

Светската здравствена организација (СЗО побара мораториум на давањето трета доза вакцина против ковид-19 сè додека вакцините праведно не се распределат и во земјите со ниски приходи.

EPA-EFE

„Поради недостигот од вакцини во државите со ниски приходи вакцинирани се 1,5 лица на секои 100 жители. Мораториумот на давањето трета доза до крајот на септември ќе овозможи да се вакцинираат најмалку 10 отсто од граѓаните на секоја земја“, кажа денес Тедрос Адханом Гебрејесус, генералниот директор на СЗО.

„Разбирам дека сите влади сакаат да ги заштитат своите луѓе од делта сојот. Но не можеме да прифатиме дека земјите кои веќе искористија најголем дел од глобално достапните вакцини ќе искористат уште повеќе“, кажа тој.

Израелскиот претседател Исак Херцог прими трета доза вакцина минатата недела, почнувајќи ја кампањата за довакцинирање на луѓето постари од 60 години во својата земја.

САД во јули потпишаа договор со Бајонтек/Фајзер за купување дополнителни 200 милиони дози за да може да се вакцинираат младите и да се довакцинираат постарите.

„Мораме наместо тоа да се фокусираме на оние луѓе кои се најранливи, најизложени на ризикот од тешка болест и смрт, да добијат прва и втора доза“, кажа директорката за вакцини на СЗО Кетрин О’Браен.

Додека светот се бори со делта варијантата, сè поголем број земји размислуваат за воведување трета доза вакцина.

Обединетите Арапски Емирати им се придружија денес на Германија, Израел и Британија, кои воведоа насоки кои препорачуваат трета доза вакцина против ковид-19 на постарите лица.

Израел минатата недела ја најави својата програма за трета доза откако експертите кои ја советуваат владата го препорачаа тој потег. Експертите своето мислење го темелат на податоците кои покажуваат дека вакцината со време почнува значително да ја губи својата ефикасност во спречувањето инфекција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе