Дополнително, маските треба да се носат дома за време на посета, доколку не е јасно дали просторијата била добро проветрена, според новите упатства објавени во средата во Женева.
СЗО претходно се залагаше за носење маски во простории во кои има гужва.
Здравствената организација на ООН сега исто така препорачува поширока употреба на маски во здравствените установи.
Персоналот и другите работници кои не се вклучени во болничка нега се ставени на список на лица кои треба постојано да ги покриваат носот и устата.
Пациентите исто така треба да носат маски во ситуации кога ќе дојдат во близок контакт со други лица.
Во раните фази на пандемијата ковид-19, СЗО изрази скептицизам во однос на маските и во целост не се залагаше за нивно носење, иако земјите во Европа почнаа да ги копираат земјите во азиските држави каде маските нашироко се користат заради спречување на пренесување настинки.
СЗО во средата повтори дека маските можат да им дадат на луѓето лажно чувство на безбедност и затоа имаат навика да заборават на други клучни превентивни мерки.