СЗО: Смртноста од коронавирусот во светот повторно расте

Претставничката на Светската здравствена организација (СЗО), Марија Ван Керхове, изјави дека смртноста од коронавирусот на глобално ниво повторно се зголемува.

Фото: ЕПА

Според неа, зголемувањето се должи на зголемениот број на заразени лица низ целиот свет. Зголемувањето на растот на пациентите е делумно последица на ширењето на варијантата што првпат се појави во Велика Британија, а сега циркулира во многу други места, вклучително и во Источна Европа.

„Во последната недела, видовме мало зголемување на смртните случаи низ целиот свет, а тоа можеше да се очекува и поради зголемувањето на бројот на заразените лица. Тоа е загрижувачки знак“, рече таа.

Друг експерт на СЗО, Мајкл Рајан, рече дека секое ублажување на епидемиолошките мерки треба да вклучува строга контрола на инфекцијата и високо ниво на вакцинација. Тој додаде дека само вакцинацијата не е доволна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе