„Знаеме дека ќе имаме уште случаи во наредните денови“

СЗО: Ширењето на мајмунски сипаници може да се ограничи со вистински мерки

Ширењето на вирусот на мајмунски сипаници може лесно да се ограничи со вистински мерки, рече шефицата на одделението за пандемија во Светската здравствена организација (СЗО) Силви Брајан.

Фото: ЕПА

Од СЗО претходно предупредија дека 200 случаи на мајмунски сипаници регистрирани во последните недели во светот, надвор од земјите каде што вирусот често кружи, може да биде само почеток.

„Не знаеме дали само го гледаме врвот на ледениот брег, односно има ли уште многу случаи што не се откриени. Уште сме на самиот почеток, знаеме дека во наредните денови ќе имаме уште случаи“, Рече Брајан на брифингот.

Таа порача дека нема простор за паника.

Случаите на вирусот на мајмунски сипаници одеднаш беа откриени во повеќе од 20 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги САД, Австралија, Обединетите Арапски Емирати и скоро десет земји од Европската унија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе