Коронавирус

СЗО: Сè додека не откриеме од каде потекнува вирусот, ова ќе ни се повторува

Шефот на Светската здравствена организација во средата предупреди дека постои ризик повторно да се воведува карантин доколку земјите што ги укинуваат мерките воведени поради пандемијата не ја водат транзицијата крајно претпазливо и постепено.

Тедрос Аданом Гебрејесус наброи низа чекори што треба да се преземат пред државите да ги укинат мерките воведени за да се спречи ширењето на ковид-19, како што се следење и надзор, како и подготвеност на здравствените системи.

„Ризикот од враќање на карантинот е многу реален доколку земјите не ја раководат транзицијата со голема претпазливост и во фази“, рече тој на виртуелната прес-конференција во Женева.

Тедрос беше критикуван поради начинот на справување со кризата и рече дека ќе се направи процена на реакцијата на неговата организација на кризата, но најпрво ќе се почека да заврши пандемијата.

„Мислам дека, додека огнот гори, нашето внимание не треба да се одвлекува“, рече тој.

Главниот донатор на СЗО, Соединетите Американски Држави, го прекинаа финансирањето на организацијата и го обвинија за „кинацентричност“, односно наклонетост кон Кина.

Епидемиологот на СЗО, Марија ван Керхове, изјави дека организацијата размислува за нови академски мисии во Кина за да го испита потеклото на вирусот.

„Сè додека не знаеме од кои животни потекнува, тешко е да спречиме ова да се повтори“, рече таа.

Тедрос ја истакна потребата сега да се инвестира во здравствените системи за подоцна да се спасат животи.

„Пандемијата на ковид-19 еден ден ќе престане, но нема да можеме да се вратиме на стариот пат“, рече тој, повикувајќи ги земјите да ги решат проблемите со нееднаквоста, за која рече дека придонесува во ширењето на пандемијата.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе