СЗО: Се чини дека годишното време не влијае на преносот на коронавирусот

Се чини дека годишното време не влијае на развојот на пандемијата на коронавирус, соопшти денес Светската здравствена организација (СЗО) и предупреди дека е погрешно да веруваме дека во текот на летото сме заштитени.

Фото: ЕПА

„Се чини дека годишното време не влијае на преносот на вирусот, кој усмрти повеќе од 650.000 лица ширум светот и зарази повеќе од 16 милиони“, рече портпаролката на организацијата Маргарет Харис во краткиот виртуелен брифинг.

Како пример, таа изјави дека во една од најпогодените земји во светот, САД, сега е лето, а во втората најпогодена земја Бразил сега е зима.

„Верувањето дека вирусот е сезонски се чини се задржа подолго време, но мора да запомниме дека станува збор за нов вирус и иако станува збор за респираторен вирус, кои историски се сезонски, овој се однесува поинаку“, инсистираше таа.

Таа потсети на верувањето дека ризикот од инфекција е помал во лето и повтори дека „летото е проблем, затоа што овој вирус ги сака сите годишни времиња“.

Таа истакна дека комбинацијата на вирусот на грип, кој е сезонски и преовладува во зима, и новиот коронавирус е загрижувачка и може да го зголеми притисокот врз здравствените системи.

„Препорачуваме сите да се вакцинираат против грипот“, советува таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе