СЗО: Ризичен период за Европа да отвора училишта, но тие не се жаришта на ковид

Европа со новата учебна година влегува во „ризичен период“ и иако нема докази дека училниците одиграле значајна улога во ширењето на коронавирусот, има сè повеќе докази дека младите луѓе ги заразуваат постарите лица на социјални настани, соопшти Светската здравствена организација.

Фото: ЕПА

Голем број европски земји во текот на летото забележаа рекорден број случаи на ковид-19 кај младите, рече Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа, на прес-конференција.

„Младите нема да умрат од грип, но тоа е торнадо со долга опашка... Во одреден момент, младите во зима ќе бидат во поблизок контакт со постарата популација“, додаде тој.

Со оглед дека доаѓа зимата, тој им советуваше на постарите лица да се заштитат со вакцина против грип затоа што во тој период од годината се очекуваат повеќе хоспитализации и смртни случаи.

На прашањето дали училиштата може да станат жаришта на инфекција, Клуге рече дека 53-те европски членки на СЗО ќе разговараат за ова прашање на состаноците на 31 август и средината на септември.

„Не можеме да ги отвориме општествата без претходно да ги отвориме училиштата“, рече тој. „Клучно е дека тоа во голема мера зависи од преносот во заедницата. Основните мерки мора да се применуваат насекаде“.

„Познато е дека училиштата не беа главниот извор на епидемијата. Сè повеќе и повеќе студии потврдуваат дека децата имаат улога во пренесувањето, но ова е далеку повеќе поврзано со социјалните настани“, рече Клуге.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе