Ковид-19

СЗО: Рекорден дневен скок на бројот на новозаразени во светот

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека се случил најголемиот дневен скок на бројот на новозаразени со коронавирусот во светот, за 307.930 во еден ден.

Најголемиот пораст на бројот на заразени е забележан во Индија, САД и Бразил, според веб-страницата на СЗО, додека бројот на смртни случаи се зголемил за 5.537 лица, па сега има вкупно 917.417 починати од последици од ковид-19.

Индија во неделата објави 94.372 нови инфекции со вирусот, додека во САД евидентирани се 45.523 нови случаи, а во Бразил 43.718.

И САД и Индија во последните 24 часа имале повеќе од 1.000 смртни случаи, а Бразил 874.

Претходниот рекорден број на нови инфекции во еден ден беше на 6 септември, кога СЗО објави дека има 306.857 новозаразени со коронавирусот. Рекорден број на смртни случаи за еден ден, пак, беше забележан на 17 април, кога 12.430 луѓе починаа од последици од ковид.

Анализата на Ројтерс покажува дека бројот на новоинфицирани со коронавирус продолжува да расте во 58 земји во светот, а меѓу нив се Аргентина, Индонезија, Мароко, Шпанија и Украина.

Меѓутоа, во САД, бројот на нови случаи се намалува, па сега бројот на новозаразените во еден ден е за околу 44 проценти помал отколку на 16 јули, кога имаше рекордни, повеќе од 77.000 случаи на инфекција.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе