СЗО: Речиси третина од примероците на ковид-19 покажуваат мутација, но не и потешка болест

Речиси 30 проценти од примероците на геномот на вирусот, кој го предизвикува ковид-19, собрани од Светската здравствена организација (СЗО) имале знаци на мутација, но нема докази дека тоа довело до потежок облик на болеста, изјави во петокот официјален претставник на СЗО.

Screenshot

„Мислам дека е доста распространета“, рече Сомија Сваминатан, главен научник на СЗО, за Ројтерс на маргините на конференцијата на Здружението на новинари при ОН (АКАНУ) во  Женева, пренесе Ројтерс.

СЗО досега собра 60.000 примероци на вирусот, рече таа.

Научниците од истражувачкиот центар Скрипс овој месец откриле дека до април во 65% од случаите на болеста во светот се работело за мутиран вирус.

Генетската мутација на новиот коронавирус, означена Д614Г, значително ја зголемува неговата способност да ги зарази клетките и може да објасни зошто болеста во северна Италија и Њујорк се ширела побрзо отколку порано за време на пандемијата, се наведува во студијата.

Марија Ван Керхове, епидемиолог од СЗО, на брифингот во петокот рече дека мутираниот сој на вирусот е идентификуван уште во февруари и дека циркулирал во Европа и Америка.

„Засега нема докази дека тоа води кон потежок облик на болеста“, рече таа.

Лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека организацијата наскоро треба да добие резултати од клиничките испитувања на лековите кои би можеле да бидат ефективни во лекувањето на ковид-19.

„Речиси 5.500 пациенти во 39 земји во моментов се вклучени во испитувањата“, рече тој на конференцијата, осврнувајќи се на клиничките испитувања што ги води таа агенција на ОН.

Тој рече дека СЗО во наредните две недели ги очекува резултатите од досега спроведените тестови.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе