Коронавирус

СЗО рече дека е итно потребно доистражување за пренесувањето низ воздух, но даде нови препораки

Светската здравствена организација објави нови упатства за коронавирусот, со кои се признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку аеросолите, но засега одбива да даде конечна потврда дека вирусот се пренесува преку воздух.

Фото: ЕПА

Во најновите упатства за пренесување на вирусот, СЗО ги признава новите откритија дека во затворен простор постои можност за пренесување на вирусот преку аеросоли, како на пример, во рестораните или спортските сали.

Со тоа организацијата одговори на отвореното писмо од 239 меѓународни научници што ги повикаа СЗО и меѓународната медицинска заедница „да го признаат постоењето на можноста вирусот да се пренесува преку воздух“.

Сепак, СЗО додаде дека „итно е потребно дополнително истражување“.

СЗО соопшти дека новиот коронавирус што ја предизвикува болеста ковид-19 се шири со директен или индиректен контакт со загадени површини или со близок контакт со заразени лица што го шират вирусот преку капки, кога заразено лице кашла, кива, вика или пее.

„Тоа е чекор во вистинската насока, мал, но важен“, затоа што станува јасно дека пандемијата се шири брзо и „најдоброто објаснување за овие настани е аеросолниот пренос“, рече Хозе Јименез, хемичар од Универзитетот во Колорадо, еден од потписниците на писмото.

Се верува дека многу мал број болести се шират преку аеросолите, фините лебдечки честички. Меѓу нив се малите сипаници и туберкулозата, па потребна е крајна претпазливост за да се спречи изложеноста на овие две многу заразни болести.

СЗО во своите упатства признава дека преносот може да се случи за време на специфични медицински процедури, на пример за време на интубација. Затоа, тој ги советува медицинските работници да носат респираторни маски H95 и друга заштитна опрема при вршење на таква постапка.

Секоја промена во процената на Светската здравствена организација за ризикот од пренесување на болести може да влијае на сегашниот совет за одржување физичко растојание од еден метар.

Владите што се водени од упатствата на СЗО во своите совети до населението исто така можеби ќе треба да ги приспособат мерките за борба против пандемијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе