СЗО претставува нов тим кој ќе следи патогени и ќе го проучува потеклото на короната

Повеќе од дваесет високо рангирани експерти, вклучително и германскиот вирусолог Кристијан Дростен, имаат тешка задача - да истражат нови патогени за Светската здравствена организација (СЗО) и да го преиспитаат потеклото на ковид-19.

Фото: ЕПА

Пандемијата ковид-19 покажа дека светот, вклучително и СЗО, не е подготвен за тоа.

Затоа, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ова лето најави започнување на Научна советодавна група за потеклото на нови патогени, наречена со англофонски акроним САГО (Scientific Advisory Group for the Origins on Novel Pathogens).

По распишаниот натпревар, СЗО избра 26 од 700 експерти, вклучително и врвни експерти: покрај германскиот вирусолог Кристијан Дростен, тука се д-р Ингер Дејмон од американскиот ЦДЦ, д-р Жан-Клод Манугуера, виролог од Францускиот институт Пастер, д-р Јунгуи Јанг, заменик -директор на Пекиншкиот институт за геномика.

„Во согласност со постапката на СЗО, отсега ќе имаме двонеделен период во кој ќе се одржуваат јавни консултации со цел СЗО да добие реакции на предлозите на членовите на САГО и да ги постави модалитетите за одржување на првиот состанок“, соопшти агенцијата на ОН.

Некои избрани експерти веќе учествуваа во заедничката научна мисија на Светската здравствена организација и Кина за потеклото на ковид, како што се Холанѓанката Марион Купманс и Виетнамката Хунг Нгуен.

Тие на 29 март објавија извештај откако во јануари престојуваа во кинескиот Вухан, изворот на пандемијата.

Тој извештај постави четири повеќе или помалку веројатни сценарија за тоа како можело да избие пандемија.

Најверојатна е онаа според која вирусот се проширил на луѓе преку животно кое претходно било заразено со вирусот од лилјак.

Потоа се појавија хипотезите за директен пренос на човек без учество на животно, а потоа и за пренос преку храна, особено замрзнато месо, и конечно за случајно бегство на вирусот од лабораторија, што се смета за „најмалку веројатно“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе