СЗО препорачува трета доза за имунокомпромитирани и вакцинирани со умртвен вирус

Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот препорача луѓето кои се со намален имунитет или примиле инактивирана вакцина против ковид-19 да добијат т.н. бустер доза за да се заштитат од ослабувањето на имунитетот.

Фото: ЕПА

Многу земји вакцинираат со дополнителни дози, особено постарата популација и лицата со здравствени проблеми, но загриженоста за новата, полесно пренослива варијанта омикрон ги потикнаа некои да ја прошират дополнителната вакцинација на поголемиот дел од својата популација.

Со оглед на тоа што стапките на вакцинација се алармантно ниски во повеќето земји во развој, СЗО во последните месеци велеше дека приоритет е давањето први дози наместо бустер дози.

Говорејќи на брифинг со новинарите, претседателот на Стратешката советодавна група експерти за имунизација (САГЕ) Алехандро Кравиото рече дека вакцините обезбедуваат силно ниво на заштита од сериозни инфекции најмалку шест месеци, иако податоците покажуваат дека имунитетот се намалува кај постарите и болните.

„Во моментов продолжуваме да ја поддржуваме потребата за еднаква дистрибуција на вакцините и употреба на трета доза само кај оние со здравствени проблеми или оние кои примиле инактивирана вакцина“, рече тој.

Вакцините против ковид-19 штитат „многу добро“ шест месеци по последната доза со „помало, поскромно опаѓање“ на заштитата, рече Кејт О'Брајан, директорка на Одделот за имунизација на СЗО.

Инактивираните вакцини кои го земаат вирусот САРС-КоВ-2 и го деактивираат или убиваат користејќи хемикалии, топлина или радијација ги изработуваат кинеските производители Синовак Биотек, државната компанија Синофарм и индиската компанија Бхарат Биотек. Тие беа одобрени од СЗО за итна употреба.

Водачите на СЗО во четвртокот не ги именуваа поединечните вакцини. Во октомври, агенцијата на ОН препорача на лицата постари од 60 години кои примиле Синофарм или Синовак да земат дополнителна доза.

„Вакцината Џонсон&Џонсон, која се зема во единечна доза, сè уште е ефикасна, но податоците од клиничките испитувања на компанијата за земање две дози покажуваат придобивки од дополнителна вакцинација“, рече Кравиото во четвртокот.

Некои земји, вклучително и Турција, Обединетите Арапски Емирати и Тајланд, даваат засилувачки дози на оние кои биле вакцинирани со кинески вакцини поради загриженоста дека тие не се толку ефикасни против повеќе преносливите варијанти на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе