„Совет базиран на докази од експерименти“

СЗО препорачува скап третман со антитела за ковид

Светската здравствена организација (СЗО) препорачува скап третман со антитела за одредени ковид пациенти, во најновото упатство за лекување на луѓето од коронавирусот.

EPA-EFE

Се наведува дека две врски антитела касиривимаб и имдевимаб, кои ги прави американската биотехнолошка фирма Регенерон, би требало да им се даваат на луѓето кои се во најголем ризик од хоспитализација и лицата чии имуни системи „немаат одговор“ на коронавирусот.

Здравствената организација на Обединетите нации наведува дека новиот совет се базира на докази од експерименти, пренесува Асошиејтед прес.

Во Соединетите Американски Држави, третманот со антителата на Регенерон е препорачан за лица со благи или средни симптоми на ковид, за да не завршат во болница.

Се предупредува дека цената на третманот, која е поголема од 2.000 американски долари, значи дека лекувањето ќе биде недостапно за луѓето во посиромашните земји.

Организацијата Лекари без граници го повика Регенерон да овозможи третманот со антитела да им биде достапен на пациентите на кои им е потребен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе