„Нема да има враќање на старата нормала во догледна иднина“

СЗО: Премногу земји тргнаа во погрешна насока

Пандемијата на коронавирусот може да се влоши ако сите нации не се придржуваат до основните здравствени мерки на претпазливост, предупреди денес Светската здравствена организација.

EPA-EFE

„Дозволете да бидам отворен, премногу земји тргнаа во погрешна насока, вирусот останува јавен непријател број еден“, изјави генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на виртуелниот брифинг во седиштето на СЗО во Женева, пренесе Ројтерс.

„Ако не се следат основните мерки, единствениот начин на кој ќе се одвива пандемијата е дека ќе биде сѐ полошо и полошо. Но, не мора да биде така“, кажа Тедрос.

„Нема да има враќање на старата нормала во догледна иднина... Има многу нешта за кои треба да бидеме загрижени“, истакна тој. „Има мапа на патот до ситуација во која можеме да го контролираме вирусот и да продолжиме со своите животи“.

„Меѓутоа, ќе биде потребно да се фокусира на намалување на пренесувањето, зајакнување на заедницата и силно државно лидерство, додаде тој.

„Тоа може да се направи, тоа мора да се направи“, истакна генералниот директор на СЗО.

„Веќе го кажав тоа и ќе продолжам да го кажувам. Без оглед на тоа каде земјата се наоѓа на кривата на епидемијата, никогаш не е доцна да се преземат решителни акции“, заклучи пефот на СЗО.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе