СЗО предупреди на „алармантната брзина“ на ширењето на вирусот во Европа

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на „алармантната брзина“ на ширењето на коронавирусот во Европа и апелираше до сите земји да не го скратуваат времетраењето на самоизолацијата по контакт со заразен.

Фото: ЕПА

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, посочи дека бројот на случаите во септември „треба на сите да ни послужи како повик за будење“.

„Иако овие бројки се резултат на сè пообемното тестирање, тие исто така ја покажуваат и брзината со која се шири вирусот во регионот“, рече Клуге на онлајн прес-конференција во Копенхаген.

Клуге рече дека СЗО нема да ги промени упатствата што препорачуваат 14-дневен карантин за сите што биле изложени на коронавирусот.

„Нашата препорака за 14-дневен карантин е заснована на нашите сознанија за периодот на инкубација и преносот на болеста. Ние би го ревидирале тоа само врз основа на промена во нашето разбирање на науката“, рече Кетрин Смолвуд, одговорна за итни ситуации во СЗО во Европа.

Во Франција, на пример, препорачаното времетраење на самоизолацијата е намалено на седум дена.

Во Велика Британија и Ирска карантинот трае 10 дена, а неколку други европски земји, како Португалија и Хрватска, во моментов размислуваат за скратување на времетраењето на самоизолацијата.

Според организацијата, 53 земји-членки на СЗО во Европа забележале скоро 5 милиони случаи на ковид-19 и повеќе од 227.000 смртни случаи поврзани со болеста.

Бројот на евидентираните дневни случаи е помеѓу 40.000 и 50.000, во споредба со дневниот максимум од 43.000 на 1 април - иако тестирањето значително се зголеми во многу земји.

Новиот рекорд беше поставен на 11 септември, со регистрирани околу 54.000 случаи за 24 часа, пренесува Гардијан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе