СЗО повика на претпазливост во врска со руската вакцина

Светската здравствена организација (СЗО) во вторникот ја повика Русија да ги следи меѓународните упатства за производство на вакцини против ковид-19, откако земјата соопшти дека ќе започне со вакцинирање на населението против коронавирус во октомври.

Фото: ЕПА

„Понекогаш некои истражувачи тврдат дека пронашле нешто, што секако е извонредна вест“, изјави пред новинарите портпаролот на СЗО Кристијан Линдмаер.

„Но, постои голема разлика помеѓу пронајдок или индикација дека поседуваат вакцина која делува, и вакцина што поминала низ сите фази“, додаде тој.

Руската вакцина не е на листата на СЗО со шест вакцини кои стигнале до трета фаза на клиничките испитувања.

Руските здравствени власти во саботата објавија дека се подготвуваат да започнат со масовна вакцинација против коронавирус во октомври.

Министерот за здравство Михаил Мурашко рече дека лекарите и професорите ќе бидат првите што ќе ја примат вакцината, а потоа постепено и остатокот од населението.

Тој додаде дека клиничкото испитување на вакцината развиена во Русија е завршено и дека се подготвува нејзино одобрување.

„Планираме посеопфатна вакцинација во октомври“, рече тој.

Досега Русија не даде научни податоци за оваа вакцина за независна проценка.

Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија Гамалеја во Москва објави уште во мај дека развила вакцина, за која вели дека создава имунитет на коронавирус без несакани негативни ефекти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе